еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Европратеници ќе испитуваат како Бугарија ги троши европските пари

Претседателката на комисијата на Европскиот парламент за буџетска контрола, Моника Холхајмер (ЕПП), предложи европратеници да отпатуваат во Бугарија за да проверат на лице место за усвојување на европскиот буџет.

Предлогот го даде на состанокот на парламентарниот комитет, на кој се дискутираше за санкциите на САД против бугарските граѓани според законот „Магнитски“.

Холхајмер објасни дека европратениците сакаат да бидат сигурни дека европските средства се користат правилно и дека се потребни законски измени за да се избегнат злоупотреби, јави БТА.

– Веќе некое време сме загрижени дека може да има измама со фондовите на ЕУ и мешање од странски земји како Русија и Турција, додаде таа.

Зборувајќи пред претставниците на парламентарните групи на ЕПП рече дека без оглед кој владеел, сомнежите за злоупотреба треба да се испитаат. Според оваа парламентарна група, бугарскиот организиран криминал често се фокусира на апсорпција на средства за земјоделство.

Социјалистите и демократите посочија на примери за повреди во Бугарија во последните месеци и повикаа на истраги и одговорност. Зелените додадоа дека јавните набавки во Софија ги освојуваат тесен круг компании без конкуренција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девалвација на еврото во Албанија поради туристите и илегално внесените пари

Редакција

Османи не го знае законот за употребата на албанското знаме

Редакција

Ски-картите за Србија, Црна Гора и БиХ, може да се подигнат од Ресорт Маврово

Редакција