Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ако до есен опфатот на вакцинирани граѓани не е доволно голем, ќе се воведат нови мерки.
„Важноста на имунизација на населението е клучна за справување со пандемијата, затоа е важно граѓаните што поскоро да го сторат тоа,“ порача Филипче.
Тој додаде дека во изминатите три дена откако е започната теренската вакцинација, досега се вакцинирани околу 30 проценти, теренската вакцинација ќе продолжи и во следниот период. Досега се вакцинирани околу 400.000 граѓани, а се ревакцинирани 250.000 граѓани.
Министерот Филипче апелира до сите граѓани да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин како да се справиме со евентуално новиот бран кој би се појавил наесен.
Податоците покажуваат дека 85% од здравствените работници се веќе вакцинирани, како и поголем дел од воспитно образовниот кадар.
Министерот денеска најави дека вакцинален сертификат ќе биде задолжителен за влез на настани на затворено, како и за организирање на масовни настани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ