Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во државава се присутни два, три соја на Ковид-19 вирусот, но нагласи дека превенцијата и вакцинацијата се важни за сите соеви.
„Присутни се два, три соја на вирусот и тоа што е битно е дека принципите се исти – вакцинација и превенцијата која важи за сите соеви. Вкупниот број на вакцинирани во државата, меѓу 70, 80 и 85 проценти, би било нешто што значи колективен имунитет“, појасни Филипче.
Според Европската агенција за лекови (ЕМА) пак, потребни се две дози од вакцините против Ковид-19 за заштита од делта сојот, кој е многу позаразен и кој предизвика нов бран на случаи во многу земји.
ЕМА потврди дека сите вакцини дозволени во ЕУ – „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ обезбедуваат „висока заштита“ од сите видови што моментално циркулираат во Европа, особено кога станува збор за тешки симптоми и хоспитализации.
Покрај промовирањето на вакцините, европското регулаторно тело ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат кон епидемиолошките мерки на физичко растојание и носење маски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“
Фото: Photo by Viktor Forgacs on Unsplash