еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23, а максималните од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, од над 60 километри на час и услови за појава на град.

Од утре температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азески: Комета може да не промаши, но струјата „ќе не дрма“ наредниот период

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во ноември

Редакција

Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

Редакција