еМагазин
Image default
Свет

Шпанскиот премиер Санчез сака да ја претвори Шпанија во „европски Холивуд“

Шпанската Влада има намера земјата да ја претвори во „европски Холивуд“, најави премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, за време на посетата во Лос Анџелес, САД.

– Ние се стремиме да станеме, ако дозволите така да споредам – европски Холивуд. Информативно-забавните платформи станаа прозорец преку кој милиони луѓе гледаат кон новата реалност, изјави Санчез.

Премиерот се состана со претставници на „Нетфликс“, „ХБО“, „Ворнер-Медија“, „Дизни“ и други продукциски куќи. Санчез притоа ги истакна главните елементи на планот, според кој шпанските власти планираат да издвојат 1,6 милијарди евра за промовирање на шпанскиот аудиовизуелен сектор.

Иницијативата вклучува даночни олеснувања за продуцентите кои ја избираат земјата за своите проекти, како и издавање специјални визи за да се олесни доаѓањето на филмските професионалци во Шпанија.

МИА/Фото: Photo by Henrique Ferreira on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Француските специјалци користат гранати против „Жолтите елеци“

Редакција

Врховниот суд на Колорадо му забрани на Трамп учествo на претседателските избори

Редакција

Руски „Газпром“ најави огромно зголемување на цената на гасот во Европа

Редакција