еМагазин
Image default
Локално

Скопје ја доби и втората тартан патека во Градскиот парк

По позитивното искуство од првата патека, граѓаните на Скопје од денес имаат можност да се рекреираат и на втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот, информираат од Град Скопје.

Оваа патека е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти.

– Новата патека е со вкупна должина од 834 метри и е поставена кружно по должината на големото езеро во вториот дел од Градскиот парк. Во еден мал дел двете тартан патеки се преклопуваат, но тоа што е поважно е дека кругот кој го формираат двете патеки заедно изнесува точно 1.000 метри.

Граѓаните патеката ќе можат да ја користат и во текот на ноќта, бидејќи се погриживме да ја осветлиме по целата должина со ново ЛЕД осветлување. Дополнително, околу патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини – инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад, кажа на промоцијата на патеката градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

За потсетување, пред две години Град Скопје ја изгради првата тартан патека, околу малото езеро, која е долга 534 метри.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кочани се враќа името на улицата „Маршал Тито“

Редакција

Спасовски: Нападот врз Борис Мутков – Фантом пресметка на криминални групи

Редакција

Со спреј вперен кон вработена украл пари од маркет во Битола

Редакција