еМагазин
Image default
Локално

Недоразбирањата во Тимјаник се надминати: 4 деца од СЗ Демир Капија се преместени во малиот групен дом

Официјално почнува со работа новиот мал групен дом во Тимјаник, неготинско. Од денеска тука ќе бидат сместени четири деца од Специјалниот завод Демир Капија.

„Недоразбирањата во Тимјаник се надминати, а децата преселени во малиот групен дом. Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани. Жителите ни дадоа поддршка на она што го правиме. Верувам Тимјаник ќе биде и ќе остане симбол на хуманоста на нашето општество, а жителите ќе се гордеат со тоа“, изјави министерката Мила Царовска.

Во новиот мал групен дом децата ќе имаат 24 часовна поддршка од лични асистенти, специјализирани индивидуализирани програми за работа и дефектолошки третмани. Близината на училиштето и локалната заедница ќе им овозможи на овие деца полесно и побрзо да се вклопат во општеството.

Досега од Специјалниот завод Демир Капија се извадени вкупно седум деца.

„Деинституционализацијата е тежок збор но има убаво значење – а тоа е дека секој заслужува место кое ќе го вика ‘дома’. Да се обезбеди за сите деца и возрасни со попреченост да ги уживаат своите права, вклучувајќи го и правото да живеат во нормални домови во заедницата – ова е приоритет за УНДП и за целото семејство на Обединетите нации. Ние сме горди што ја поддржуваме Владата во спроведувањето на заложбата за деинституционализација“,  изјави постојана координаторка на ООН и УНДП, Луиза Винтон.

Фото: MTC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорка на училиште вработила наставник без соодветно образование

Редакција

37-годишна жена пронајдена мртва во стан во Скопје

Редакција

Крими-филм во Кичево: Дилерот пред полицијата ја фрлал дрогата во тоалет

Редакција