еМагазин
Image default
Свет

(ВИДЕО) Поплави во Лондон, затворени осум метро станици

Пороен дожд и грмотевици го погодија Лондон и предизвикаа поплави во делови на главниот град на Велика Британија, поради што беа затворени осум метро станици, а две болници побараа од пациентите да не ги користат нивните ургентни центри.

Поплавените болници „Випс Крос“ и „Њухем“ вчера побараа од пациентите да одат во други болници, доколку е можно, сè додека не ги решат „оперативните проблеми“ предизвикани од поплавата.

Пожарникарите соопштија дека добиле околу 300 повици, главно од населени места каде се поплавени подруми, јави Би-Би-Си.

Голем број улици во главниот град се затворени, вклучувајќи ги тунелот Блеквол, А12 и делови од северната обиколница. Голем метеж беше создаден на другите правци во градот, а осум метро станици беа затворени.

Предупредување за можна бура и грмотевици е во сила за поголемиот дел од југоистокот на Англија, а во некои области метеоролозите најавија 75 до 100 милиметри дожд.

Локалните власти советуваа да не се патува додека не помине невремето.

МИА/Фото: Photo by John T on Unsplash/Видео: The Sun

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции оваа есен

Редакција

Видео од улиците на украинскиот град Мариупол го покажува ужасот на војната

Редакција

Русија ќе го премести нуклеарното оружје во близина на границата на НАТО

Редакција