Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2021 година во Алкалоид АД Скопје изнесуваат 524.114 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
“Во периодот јануари-јуни 2021 година во Алкалоид се реализирани 121 нови вработувања во Р.С.Македонија.
Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија.
Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето.
Групацијата Алкалоид брои 2.479 вработени, од кои 1.909 се во базата во Скопје, а 570 се вработени во подружниците во странство“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкалоид со раст на приходите и добивката во првите шест месеци од годинава
Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид