еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Вучиќ се сретна со Панчев во Скопје: “Чест ми е што можев да се сретнам со големиот шампион“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Скопје, на маргините на својата агенда оствари средба со еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Дарко Панчев.

Вучиќ извести за средбата со поранешниот фудбалер на Вардар и Црвена ѕвезда на социјалните мрежи, објавувајќи заедничка фотографија на својот официјален Инстаграм профил.

– Со македонската и југословенска легенда Дарко Панчев, напиша Вучиќ под заедничката фотографија со Панчев.

Поранешниот македонски и југословенски репрезентативец ја почна кариерата во Вардар, настапувајќи за својот матичен клуб од 1983 до 1988 година, од каде премина во Црвена ѕвезда.

Белградскиот клуб во сезоната 1990/91, во која Панчев стана најдобар стрелец во Европа, ги совлада екипите на Грасхоперс, Глазгов Ренџерс, Динамо Дрезден и Баерн Минхен, на патот до финалето против Олимпик Марсеј.

По 120 минути без постигнат гол на двете страни, финалето го одлучи изведувањето пенали во кое Панчев беше прецизен во петтата серија и белградскиот состав со вкупни 5:3 стана европски шампион.

Во декември истата година, шампионската генерација на Црвена ѕвезда со Панчев и Илија Најдоски во составот, стана и светски првак со победата над Коло коло од Чиле со 3:0 во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Ништо не бараме од Македонците, само братство и пријателство

Вучиќ: Од јануари 2023 нема да има граници помеѓу Македонија, Србија и Албанија

МИА/Фото: Вучиќ/Инстаграм/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Убиецот на жената од Кочани се бранел со молчење, изнудил 7.000 евра

Редакција

Доктор Беќаровски: „Колку подолго трае пандемијата со Ковид-19, толку повеќе луѓе ќе ни умираат незгрижени од карциноми, срцеви и мозочни удари, дијабет, труења“

Редакција

Филипче: Се почесто да слушаме позитивни вести, посакувам брзо закрепнување на сите пациенти

Редакција