еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци, па заминала во Швајцарија

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднело кривична пријава против А.Х.(65) од тетовска Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Од МВР денеска информираа дека двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на нејзиниот брат С.С. да украде 400.000 швајцарски франци од А.Џ.(80) од Мала Речица, кој е нејзин сопруг и да избега во Босна и Херцеговина.

По пријава на случајот во СВР Тетово, се наведува во соопштението од МВР, А.Х. исто така, заминала во Босна и Херцеговина и од нејзиниот брат ја одзела комплетната сума, по што заминала во Швајцарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден малолетен пешак при судар на „Пасат“ и „Мерцедес“ во Скопје

Редакција

Најчевска: Фор де Лајен да отиде во бугарскиот Парламент и да го каже истото што го кажа во македонскиот

Редакција

(Фото) Шекеринска елегантна на заедничката фотографија на министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО

Редакција