еМагазин
Image default
Бизнис

Аутомакедонија со зголемена добивка во првите шест месеци

Аутомакедонија АД Скопје во првата половина од 2021 година (01.01.2021 – 30.06.2021) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 10 милиони денари, пораст од 28% во однос на 2020 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Истата е резултат на оперативното работење, зголемени приходи од продажба за 33% во однос на 2020 година, највеќе како резултат на зголемена продажба на автобуси и камиони во периодот.

Следствено и набавната вредност на продадени производи ја следи динамиката на приходите, додека сите останати трошоци на работењето се намалени за 12% во споредба со минатата година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милан Ивановски купи акции во Аутомакедонија

Игор Илиевски купи акции во Аутомакедонија

Групацијата Аутомакедонија во првиот квартал работела со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поевтин роаминг: Од 1 јули цените ќе се намалат за 30 отсто

Редакција

Владата донесе нови протоколи за музеите и галериите и измени кај обложувалниците и сместувачките објекти

Редакција

Анѓушев: Големите фирми зависат од државната набавка на енергенси по пониски цени

Редакција