Вечерва во Крушево, началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, напиша вечерва на својата Фејсбук страница претседателот Стево Пендаровски.
– Наредбата како Врховен командант за ангажман на армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани, информира Пендаровски.
Претседателот Пендаровски додава дека во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Кочани гори! Апел за помош!
(Фото) Горат дел од куќите во Белско Маало: Пожар сериозно му се заканува на Кочани
Евакуирани жители на неколку куќи од Кокино: Гори борова, дабова и нискостеблеста шума
Фото: МО