еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија активни седум пожари

Романскиот авион Ц27Ј Спартан делуваше два пати на пожарот во Малешевијата, останува да направи уште еден налет, а потоа ќе продолжат армиските хеликоптери, истакна попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Романскиот воен авион со голем капацитет, Ц-27 Спартан, се вклучува во борбата со пожарите

-За рационализација на времето, за намалувањето на потребното време на гасење од страна на хеликоптерите, на само неколку километри од пожарот однесовме цистерна со керозин каде што хеликоптерите полнат гориво и нема потреба да летаат до Скопје со што значително го скративме времето и воедно на истото место, односно во близина, полнат вода од базен за да не се губи време да се оди до вештачките акумулации коишто се малку подалеку, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека ова е прво наше искуство со авион Ц27Ј Спартан к,ој носи шест тона вода и затоа, како што кажа, се уште е рано да ги кажеме нашите импресии.

Помошникот раководител на ЦУК, Марија Милкова истакна дека авионот има голем домет и затоа се делува само од воздух.

-Пожарот кај делчевското село Нов Иственик е заобиколен од сите страни и се пази да не се прошири, но се уште е активен. Таму  дејствуваат 70 припадници на Армијата, 25 припадници на ШС Голак од Делечво, 12 пожарникари со цистерни и пет припадници на МВР,  ЈКП „Брегалница“ од Делчево и два хеликоптери на Армијата. Се уште активен е и пожарот кај селото Разловци на местото викано Чукалица, рече Милкова.

Како што истакна, друг активен пожар има и во велешкото село Џидимиринци каде гори висока трева и дабова шума. Во гасењето учествуваат месното население, ШС Бабуна од Велес и едно противожарно возило со пет пожарникари. Активен е и пожарот во кавадаречкото село Манастирец што се појави во 13:30 часот каде гори сува трева. Во гасењето се вклучени противпожарни бригади од Кавадарци и соседните општини.

-Во 15:30 часот се појави пожар во скопското село Градманци, лоцирано на тромеѓето помеѓу општините Петровец, Велес и Свети Николе. Гори нискостеблеста шума и во гасењето на пожарот се вклучени лица од ШС Караџица, Противпожарната бригада на Град Скопје и месното население, рече Милкова.

Нагласи дека повторно е активиран пожарот што беше изгаснат во кумановско Старо Нагоричане во атарот на сеото Жељувино. На терен се противпожарни екипи од Куманово.

-Другите пожари што утринава беа активни се делумно локализирани, рече Милкова.

Прецизира дека во ЦУК има координација со субјеките и заседава Главниот штаб со цел да се донесат одлуки како и каде ќе се реагира на терен во текот на утрешниот ден.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ Аеродроми: Скопскиот аеродром повторно е еден од најдобрите аеродроми во Европа

Редакција

Бугарија пред нови избори, Трифонов го повлече предлогот за избор на нова влада

Редакција

Влада: Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, македонскиот идентитет и јазик не се предмет на преговори, ќе продолжиме да бараме решение

Редакција