еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Романскиот воен авион со голем капацитет, Ц-27 Спартан, се вклучува во борбата со пожарите

Авионот Ц-27 Спартан на Романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со 6 тони вода врз пожарите, пристигна во Македонија и може веднаш да започне со операција за гаснење на пожари. Авионот ќе дејствува во беровскиот регион, информираат од Министерството за одбрана.

Наскоро се очекува да пристигне уште еден романски авион, кој ќе донесе контејнери и дополнителна придружна опрема во поддршка на справувањето со пожарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна хеликоптер за гасење пожари од Романија, а се очекува и авион „Херкулес 530“, во Пехчево и натаму најкритично

Поддршката од нашиот НАТО сојузник, Романија, во справувањето со огнените стихии дојде, по барањето на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега, Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите.

„Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Република Северна Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка“, беше наведено во писмото кое го испрати министерката Шекеринска до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре сончево со мала облачност, врнежи од дожд во сабота

Редакција

Нови 442 случаи на Ковид-19 од 2.939 тестирања

Редакција

Боки 13 имал отоци и огреботини во пределот на главата, шаката, рачен зглоб и надлактица, не е хоспитализиран

Редакција