еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре сончево со мала облачност, врнежи од дожд во сабота

Од утре времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта облачноста повторно ќе се зголеми. Ќе дува слаб променлив ветер.

Нови врнежи од дожд се очекуваат во сабота, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје утре времето ќе биде сончево со мала до умеренa облачност.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, а дневните од 13 до 20 степени. Во Скопје утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 17 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заразата со морбилите не стивнува: Една пациентка хоспитализирана, друг во тешка состојба

Редакција

Починаа уште 12 лица од Ковид-19, вкупно 2.647

Редакција

Бугарија нема поддршка од другите земји на ЕУ, но има целосно право да ја блокира Македонија

Редакција