Владата на седница, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од коронавирусот донесе одлука за зајакнати контроли на постоечките анти-ковид мерки, како и целосна забрана на секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август.
Како што соопшти владината прес-служба, со одлуката до 15 август сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на Ковид-19 мерките, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.
За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50 отсто од капацитетот на просторот и ограничен број посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи, се наведува во соопштението.
Покрај ова, од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти и кафетерии, вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На концерт или спортски настан од 16 август само со потврда за примена вакцина