Дваесет и девет годишна родилка е меѓу починатите лица од Ковид-19, за кои денеска информираше Министерството за здравство (МЗ).
Жената била примена во болница во тешка состојба.
– Пациентката прво се лекувала пет дена во болница во Куманово, а со царски рез во седмиот месец од бременоста е породена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Бебето е во инкубатор.
На 6 август е префрлена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде што денеска починала.
Пациентката не била вакцинирана и немала коморбидитети, соопштуваат од Министерството.
Покрај 29 годишната жена, МЗ информираше за уште три починати лица, двајца од Куманово на возраст од 49 и 74 години и еден од Гостивар на возраст на 78 години. Сите се починати во болнички услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
49-годишната жена од Куманово која почина од Ковид-19 била вакцинирана со една доза вакцина
Најмладиот има 29 години: Од Ковид-19 починаа три лица од Куманово и едно од Гостивар
Драстичен раст: 398 нови случаи на Ковид-19 од 6.383 тестирања, најмногу во Скопје и Тетово