еМагазин
Image default
Локално

Нема поврдени, има голема материјала штета по пожарот во ресторанот Рагуза

Нема поврдени, има голема материјала штета по пожарот во ресторанот Рагуза, информираат од таму.

“Ви благодариме на грижата и сите пораки кои ги добивме во врска со пожарот кој избувна вчера во рамки на нашиот ресторан. За таа цел сакаме да Ве известиме дека за среќа нема жртви, ниту повредени.

Иако се соочуваме со голема материјална штета, бидејќи пожарот избувна во машинските и помошните простории, сепак ресторантскиот дел е во сосема добра состојба.

Искажуваме огромна благодарност до противпожарната служба за брзата интервенција.

Дополнително благодарност и до градоначалникот Петре Шилегов за набавката на новото противпожарно возило без кое огнот немаше брзо да се локализира и несомнено ќе имаше поголеми последици.

Очекуваме ресторанот нормално да функционионира за 10 дена„, информираат на Фејсбук од ресторанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО+ФОТО) Гореше и во ресторанот „Рагуза“ во Скопје, пожарот изгаснат за кусо време

Фото: Фејсбук/Рагуза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведена битолчанка што опожарила гаража и магацин на соседот

Редакција

Србин и Турчин барани со потерници уапсени на скопскиот аеродром

Редакција

Повторно заглавено возило на Галичица, иако патот е затворен

Редакција