еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Трошците на едно четиричлено семејство поголеми за 5.407 денари од просечната плата

На едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 34.128 денари за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5.407 денари.

Најмногу пари или 14.417 денари во јули биле потребни за храна и пијалоци, а 10.826 денари за подмирување на режиските трошоци. За превоз минимум биле потребни 2.528 денари, додека за хигиена 2.381 денар. Остатокот е за обувки, облека, одржување на здравјето и за културни активности. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се најавуваат отпуштања во преработувачката индустрија

Редакција

Во август бројот на домашни туристи се зголемил само за 8,9%

Редакција

Намален бројот на работници во индустријата

Редакција