еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР: Да не се патува во Авганистан, тие кои се таму да си заминат во најскоро време

Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Македонија да не патуваат во оваа држава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

– Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732, се наведува во соопштението од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Почна вакцинацијата против Ковид-19 на првите здравствени работници

Редакција

Eau roma water – тоник за лице од Lush: Смирувачки тоник за зрела, сува и/или чувствителна кожа

Редакција

Економските директори на клиниките заминаа во историја, Владата донесе одлука за нивно укинување

Редакција