еМагазин
Image default
Локално

Жител на Пехчевско измамен за 70 илјади денари

Триесет и деветгодишник од пехчевско по измама останал без 70 илјади денари. Измамата ја потврдија од беровската полиција каде бил пријавен случајот.

-На 12.08.2021, 39 – годишно лице од пехчевско има пријавено измама по која останал без 70.000 денари. Измамата настанала откако по претходен телефонски повик, оштетениот се согласил да купи јачмен од друго лице, а парите ги пратил по таксист од Виница.

По предавањето на парите, 39- годишниот жител на Пехчевско пробал да го добие лицето на телефон, но истото било недостапно, се вели во сооопштението од полицијата.

Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец обвинет за силување: Присилно ја внел во автомобил, ја обљубил и ја претепал

Редакција

Руски рулет на патиштата: МВР за еден ден исклучи од сообраќај 28 возила за меѓуградски превоз

Редакција

(Фото) И Богданци има џиновско велигденско јајце

Редакција