еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожарот во Раовиќ се уште активен, во Горно Мелничани утре поопширна акција

Пожарот кај село Раовиќ во Општина Сарај е се уште активен, соопштија на редовната попладневна прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде посочија дека засега на неутврдена површина гори мешана шума.

Во гасење на овој пожар учествуваат и 50 припадници на специјалните единици на МВР, помогнати од седум француски експерти за пожари, кои биле префрлени на сртот на кањонот Матка со полициски хеликоптер и извршиле комплетна претрага и догасување на постоечките жаришта.

Денеска во 14 часот како подршка се приклучил и црнорски хеликоптер со 12 налета испуштајќи поголема количина на вода, но, како што велат од ЦУК, запрепастува фактот дека и покрај осумдневното гасење, утврдено е странично, повеќеметарско одалечено повторно потпалување, односно тлење.

– Самото тоа не дозволува целосно ликвидирање на пожарот, рече на прес-конференција Надица Вчкова, портпарол на ЦУК.

Во неколку наврати денеска се дејствувало и од воздух со хеликоптер на МВР.

Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје е целосно ставен под контрола, информираат од ЦУК, исклучиво сртот кој ги двои двете села се уште покажува активност, но денеска околу 16 и 30 часот, Главниот штаб при ЦУК одлучил да прати хеликоптер да исфли вода на непристапниот срт, а луѓето кои се распоредени околу сртот да извршат целосно догасување.

Според ЦУК, пожар што избувна вчера во село Горно Мелничани, во Општина Центар Жупа денеска бил ставен под контрола, но повторно се активирал околу 13 часот.

– Со оглед на исклучително тешката состојба со пожарот во Центар Жупа, главниот штаб на ЦУК донесе заклучок за утре од 08 часот да се активираат два хеликоптери, 40 припадници на АРМ, 30 припадници на специјалните полициски сили, 15 припадници на Национални шуми, како и две територијални против пожарни единици и еден тим на Дирекцијата за заштита и спасување  да помогнат во справувањето и ставањето под контрола, најави Вчкова.

Од ЦУК велат дека е ставен под контрола и шожарот кај планинарскиот дом Китка, во околина на село Црвена Вода, а локализиран пожарот во местото Кормина близу село Емирица кај Кратово.

Утринава е појавен пожар во местото Круша, гевгелиско, и е ставен под контрола. Таму се уште се на терен екипи од Шумско стопанство„ Кожув“, а изгорени се два хектари квалитетна борова шума.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 113 пациенти од корона вирусот, најмногу од Скопје 57

Редакција

Рускиот Парламент одобри регрутирање криминалци во војската

Редакција

ЗНМ и ССНМ бараат Обвинителството да ја отфрли кривичната на МВР за Салиу

Редакција