За „Локално“, специјалист, педијатар д-р Звезда Спасовска вели дека во текот на минатата година бројот на деца заболени од Ковид-19 бил многу мал и дека тие што биле заболени биле од помала возрасна група и со лесна клиничка презентација на болеста, но годинава состојбата е поинаква.
-Но годинава, особено со појавата на делта сојот на коронавирусот, состојбата е поинаква, имено имаме повеќе заболени пациенти од повозрасната популација, најчесто тинејџери и кај дел од нив со посериозна клиничка слика со засегање на респираторниот систем со развој на пневмонии пропратени со висока фебрилност и општа слабост.
Во текот на изминатите две седмици сведоци сме на огромно раздвижување и групирање на младата популација во туристичките места на нашата држава, каде не се почитувани мерките за заштита и превенција од Ковид-19 вирусот, кои искрено е многу тешко и да се почитуваат од страна на младите, вели докторката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Лазаров: Тинејџери и деца со пневмонии, со брз развој, ова не го гледавме порано
Фото: МЗ