еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Пановски со апел до граѓаните вакцинирани со една доза за влегувањето во кафани и кафулињата

Доктор Никола Пановски на својот Фејсбук профил објави апел до граѓаните кои примиле една доза вакцина против Ковид-19. Како што е познато во затворениот дел, но и во отворени делови на кафулиња и кафани во одредени ситуации, од денеска ќе се влегува со потврда за примени две дози вакцини, една доза вакцина и со потврда за прележан Ковид-19, која ќе важи само првите 45 дена по оздравувањето.

Истото важи и за концерти, спортски настани…

„Почитувани жители на Македонија, вие кои сте примиле една доза вакцина деновиве или ќе ја примите следниов период, а не сте прележале ковид. Ве молам да не влегувате во објектите во кои власта ви дозволува да влегувате.

Вие се уште немате имунитет, не сте заштитени, под голем ризик сте таму да се заразите и потоа да ја ширите заразата. Потврдата не ве штити од зараза, нека не ви дава лажна сигурност.

Откога ќе ја примите втората доза и ќе поминат две недели, тогаш може да претпоставиме дека сте заштитени“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влез во кафуле и кафана и за прележаните од Ковид-19, но само во првите 45 дена од оздравувањето

На концерт или спортски настан од 16 август само со потврда за примена вакцина

Од 16 август нема свадби и прослави на затворено

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Вакцината на „Модерна„ за Ковид-19 е ефикасна 94,5%

Редакција

Димитров: Не може да сте европски, а да се мешате во правото на еден народ да каже што е и каков јазик зборува

Редакција

Газпром нема да испорачува гас за Европа преку Северен тек 1, цената драстично поскапе

Редакција