еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Од утре во Србија трета доза вакцина: Се препорачува за лица со намален имунитет, здравствени работници и патниците во меѓународниот сообраќај

Членката на српскиот Кризен штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, најави дека од утре во Србија ќе почне да се аплицира трета доза против коронавирусот.

Таа наведе дека третата доза ќе ја примат граѓани со намален имунитет, кои се на хемодијализа, со трансплантирани органи, лица постари од 70 години.

Исто така, трета доза ќе им биде препорачана и на патниците во меѓународниот сообраќај, бидејќи според Кисиќ Тепавчевиќ, голем број луѓе од одмор се вратиле заразени со Ковид-19.

– Трета доза вакцина се препорачува и за вработените во здравствените институции, кои имаат должност и обврска да ја заштитат својата професионална околина и да спречат ширење на Ковид-19 – посочи Кисиќ Тепавчевиќ.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) 18-годишен белец во САД уби најмалку 10 лица во расистички напад

Редакција

Мицковски за францускиот предлог: Или ќе се „бугаризираме“, или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ

Редакција

Колкави биле примањата на Слободан Кутревски и на менаџментот на Пекабеско лани

Редакција