еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат за половина денар

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на екстра лесното масло за домаќинства не се менува, одлучи денеска Регулаторната комсиија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 71 денар за литар, а 73,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека литар дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62 денара.

Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,195 денари за килограм и ќе изнесува 36,681 денари.

Цената на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) не се менува, односно останува 62 денари за литар.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,54  проценти во однос на Одлуката на РКЕ од 9 август годинава.

Од РКЕ наведуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,104 проценти, дизелот за 1,735 проценти, екстра лесното масло за 1,873 проценти и кај мазутот намалувањето е за 1,975 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,086 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работници од Индија пристигнале на фарма и во млекара во Свети Николе: Почна увозот на странски работници и во земјоделскиот сектор

Редакција

„Мода“ АД Свети Николе ја зголеми добивката

Редакција

„Македонски Телеком“ го доби тендерот на МЕПСО за услуги за мобилна телефонија вреден 159.000 евра

Редакција