еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) 18-годишен белец во САД уби најмалку 10 лица во расистички напад

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека масакрот во Бафало ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“.

Напаѓачот, 18-годишно бело момче отвори оган во супермаркет, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население, при што уби 10 луѓе, а повреди тројца. Единаесет од жртвите се Афроамериканци.

Напаѓачот кој му се предаде на полицијата и е во притвор, не е од Бафало и до супермаркетот, според полицијата возел со часови.

Американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, објавија дека напаѓачот е Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало.

МИА/видео: Al Jazeera English

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Вељо Тантаров, претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија

Редакција

По исказите на Кичеец и Јанева: Ќе ја отвори ли Боки 13 Пандорината кутија?

Редакција

Владата „лабава“ за своите: Можат ли функционерите повторно да го „увезат“ корона вирусот?

Редакција