еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата „лабава“ за своите: Можат ли функционерите повторно да го „увезат“ корона вирусот?

Постои ли можност владините функционери да го донесат корона вирусот од страна откако Владата дозволи патувања во странство за итни државни работи е легитимно прашање што се наметнува откако беа објавени мерките кон кои треба да се придржуваат лицата што ќе патуваат, а кои не предвидуваат ниту карантин, ниту тестирање за корона вирусот.

Владата соопшти дека лицата избрани носители на јавни функции, вработени во Владата и министерствата при излегување од државата поради итни работни обврски од државен интерес во иднина задолжително потпишуваат изјава при излез од државата за доследно придржување кон пропишаните основни превентивни мерки.

Овие мерки предвидуваат носење заштитна маска со избегнување на допирање на лицето (очи, нос, уста) со рацете, често миење на раце или дезинфекција на раце за време на престојот надвор од државата, одржување физичко дистанцирање од 1,5 – 2,0 m и намалување на физички контакти (се забранува поздравување со раце), а се препорачува да не се користи јавен превоз и такси во местото на престој.

По враќање во земјата се спроведуваат одредени превентивни мерки во период од 14 дена од денот на влегувањето во државата за кој период се препорачува дека не е потребно спроведување на тестирање за ковид-19, дека е потребно носење заштитна маска во затворен простор, а доколку се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице маска не е задолжителна со внимателно избегнување на допирање на лицето со рацете.

Исто така, треба да ги ограничат на минимум личните и професионални контакти со други лица од нивната околина и надвор од неа, при евентуален контакт со други лица задолжително да носат заштитна маска, должни да се придржуваат кон упатствата за намалување на ризикот од пренесување на инфекцијата, често да ги мијат рацете или нивна дезинфекција, како и да избегнуваат физички контакт и одржување дистанца од најмалку 1,5 – 2,0 m при контакт лице-в-лице.

„Се препорачува мерење на телесна температурата наутро, и доколку е поголема од 37,2 ° C или ако лицето има симптоми (треска, отежнато дишење, сува надразнителна кашлица) да го контактира телефонски својот матичен лекар или да ја извести регионалната епидемиолошка служба (на постоечките телефони за контакт на ИЈЗ и ЦЈЗ) кои ќе одлучат за понатамошниот третман.

Доколку состојбата бара итна хоспитализација се повикува итна медицинска помош или со сопствено возило во придружба на еден член на семејството ја посетува најблиската Ковид болница, со претходна најава по телефон“, се вели во соопштението од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа уште двајца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 97

Потврдени 17 нови случаи на заболени од корона вирусот, вкупната бројка е 1.740

Убава вест: Оздравени уште 16 заболени пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.251

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Убав гест од Могерини: Благодарница и фотографија за спомен за занаетчијата што и подари филигран

Редакција

Минималната плата од март ќе изнесува 22.500 денари

Редакција

АПЕЛ: Сите кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони

Редакција