еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Нов македонски бренд: „Гордион амбер“ – крафт ракија од гевгелискиот регион

Нов македонски бренд на крафт ракија од гевгелискиот регион започна со освојување на домашниот и на странските пазари.

„Гордион амбер“ е висококвалитетна ракија која се одликува со мирис на автентично македонско грозје, неодолив префинет вкус и маркантна килибарна боја.

Се произведува со процес на двојна дестилација на младо вино, по прецизно дефинирана и нијансирана рецептура. Следејќи ги стандардите на врвните производители на ваков тип пијалаци, за производство на “Гордион Амбер“ се користи исклучиво срцевината од дестилатот.

„За производство на ракијата се користат квалитетни и внимателно селектирани сорти грозје од прва класа, кои се одликуваат со здраво зрно, соодветен број шеќерни единици, правилно оформен грозд и без дополнителни примеси.

Ракијата се чува во буриња изработени од стогодишно француско дабово дрво, што ѝ дава дополнителен луксузен шмек. Процесот на производство е целосно заокружен и строго контролиран од почеток до крај“, вели Александар Попов, сопственик на „Гевгелиска дестилерија“.

Производител на Гордион Амбер е „Гевгелиска дестилерија“, компанија со визија гевгелискиот регион да го стави на светската мапа на производители на алкохолни пијалаци со врвен квалитет. Целиот процес започна во 2016 година, кога „Гевгелиска дестилерија“ ги купи првите лозови насади во околината на селата Моин и Ново Којнско.

„Во 2017 година произведовме мали количини ракија и ги созреавме во дабови буриња. По созревањето повикавме неколку дегустатори да направат евалуација на нашиот производ.

Ракијата беше одлична и со автентичен вкус и арома, а реакциите на дегустаторите исклучително позитивни. Ова беше мотив да инвестиравме во изградба на модерен капацитет и опрема, со цел и мисија да произведеме традиционален производ – craft лозова ракија без додадени вештачки адитиви и без конзерванси“, раскажува Попов.

„Гевгелиска дестилерија“ е лоцирана во чиста природна средина, во чија околина нема никакви извори на загадување. Климатските услови нудат одлични можности за одгледување квалитетни вински и трпезни сорти лозје што е основен предуслов за производство на ракија со врвен квалитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УНИ Банка со добивка во првите девет месеци

Редакција

Граѓаните ги изненадија банките: Намалена побарувачката за потрошувачки и станбени кредити

Редакција

РКЕ и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати

Редакција