еМагазин
Image default
Бизнис

УНИ Банка со добивка во првите девет месеци

УНИ Банка АД Скопје заклучно со третиот квартал од 2022 година оствари позитивни финансиски резултати, информираат од таму преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од 2022 година изнесуваат 1.429 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од  13.3%.

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 248,2 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 57.6% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период од 2021 година се зголемени за 3.9%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на Банката кон кредитирање на секторот население.

Во вкупните приходи од дејноста на Банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 21.6%, како резултат на дополнителната услуга посредување во осигурување и растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.

Остварените расходи заклучно со третиот квартал од 2022 година изнесуваат 1.180,9 милиони денари и бележат зголемување од 10.6% во однос на истиот период од  2021 година.

Зголемувањето на расходите се должи, пред се на зголемување на административните расходи како резултат на енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, кој предизвика силен раст и голема променливост на цените на примарните енергенси, што предизвика раст на цените на сите останати производи и услуги, како и на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка ќе дели дивиденда

Смени во Надзорниот одбор на УНИ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Моловите најавија скратено работно време од 11 до 19 часот

Редакција

Владата „крчка“ законски измени за покачување на платите во јавниот сектор

Редакција

Платите скалесто да се зголемат или Синдикатот на УПОЗ ќе стапи во штрајк

Редакција