еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Момче загина во сообраќајка во скопски Аеродром, две лица се тешко повредени

На 19.08.2021 во 22.05 часот во Скопје, на крстосница на бул.„Јане Сандански“ со сервисни улици, во близина на маркет, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и патничко возило „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки, информираат од МВР.

-На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош.

Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Есенска модна инспирација: Каролина во боите на Mango

Редакција

Мукаетов панелист на СЕФФ: „Моќна и обединета бизнис-заедница значи силна економија“

Редакција

Репортери без граници: Последните 20 години многу смртоносни за новинарите

Редакција