еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Локализиран пожарот на планината Готен, помали интервенции и на други локации 

Регионалниот центар за управување со кризи на Штип информира дека е локализиран пожарот во атарот на селото Владимирово, Општина Берово на планината Готен. Во однос на другите градови, забележани се помали интервенции, при што противпожарните екипи дејствувале веднаш, информира Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на денешната прес-конференција.

-Во врска со пожарот на планината Готен, станува збор за крак од пожарот на планината, што беше започнат од струмичката страна, над езерото Турија. Во гаснење на пожарот учествувале шумското стопанство Малешево-Берово и подружницата на Национални шуми, Равна река од Пехчево, информира Бојаровски.

Тој додава дека подружницата на Национални шуми, вчеравечер се повлекла, но денеска повторно излегле на терен и го локализирале пожарот. Сè уште има чад на одредени места и паднати се дрвја и пенушки.

Во текот на вчерашниот ден околу 14.15 часот противпожарната бригада на Скопје интервенирала во запалена куќа, штала и помошни простории во село Идризово, општина Петровец, што претставувало закана да се прошири во околината.

– Од РЦУК Велес информираат дека во период од 12:10 до 15:50 пожарникарите и четворица вработени во шумското стопанство Бабуна, двајца припадници од МВР и двајца мештани интервенирале на запалена нискостеблеста дабова шума, сува трева, како и два електрични столба на ЕВН.

РЦУК Велес претпоставува дека пожарот е предизвикан од електричните столбови, во површина од околу три хектари. Интервенцијата е извршена во атарот на селото Ветерско, информира Бојаровски.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ќерката на Заев за Нова Година во Брисел

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 108 акции на ОКТА

Редакција

„Фибула ер травел“ го доби тендерот на Државниот завод за статистика за набавка на авионски билети вреден 50.000 евра

Редакција