еМагазин
Image default
Македонија

Од 32 хоспитализарани во Охрид, 11 се на кислородна поддршка, најмладиот има 26 години

Во ковид-центарот во Охрид се сместени 32 лица со коронавирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка.

Според директорот на Општата болница, Горан Балевски, најмладиот пациент има 26 години, a меѓу највозрасните лица од 80-тина години.

Балевски вели дека потешка форма на болеста имаат невакцинираните пациенти. Во Модуларната болница во моментов има 17 слободни легла.

Од вчера вакциналниот пункт во Охрид е релоциран во објектот за психофизичка подготовка на трудници. Покрај граѓаните на Охрид, во овие три дена се вакцинираат и вработените во локалните здравствени установи кои досега не биле вакцинирани.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска утврди судир на интереси кај вицепремиерот Анѓушев и бара одговорност

Редакција

47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Штипската болница прави планови за активирање други одделенија за ковид-пациентите

Редакција