еМагазин
Image default
Македонија

47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, досега 427.535 граѓани изразиле желба преку веб-платформата vakcinacija.mk.

Министерството за здравство соопшти дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231.014 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 11.598 граѓани, а прва доза примиле 2.504.

– Во државата вкупно се аплицирани 290.829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59.815 граѓани. Со последните бројки, 47 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство, кое апелира граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk, како најлесен и најбрз пат да се вакцинираат.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, како и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата – во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и во спортски сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега во Македонија се вратиле 1.842 граѓани од странство

Редакција

Груевски ќе се појави на телевизијата Сител

Редакција

Лажниот лекар од Вевчани ќе одговара за три дела

Редакција