еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата одлучи: Од 1 септември влез во земјава само за вакцинирани, прележани до 45 дена или негативен ПЦР тест

Од 1 септември домашните и странските државјани ќе можат да влезат во државата доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест Ковид-19, сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, или со медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во земјава, одлучи Владата.

За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата по 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан Ковид-19, ќе се одреди мерка карантин од седум дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Независни експерти на СЗО: Пандемијата на Ковид-19 e „Чернобил на 21 век“ и можеше да се избегне

Редакција

Продолжуваат судењата за „Титаник“ и „ТНТ“

Редакција

Со пари од ЕУ и амин од Светска банка се менува ликот на Старата скопска чаршија

Редакција