На прашањето на „еМагазин“ дали делта сојот на Ковид-19, предизвикува поголеми компликации и кај младите, микробиологот Никола Пановски вели дека најголем „тест“ бил Охрид.
„Имавме „тест“ во Охрид со илјадници „настинати“ млади кои лесно поминаа, помалите деца би требало уште полесно да поминат. Нека му ја мислат оние кои не се вакцинирани, а имаат ученици дома,“ вели Пановски за „еМагазин“.
Во однос на почетокот на учебната година, тој препорачува комбиниран модел со смени на две недели.
„Имено, во услови на мирна состојба, без никаква контрола на границите, со овозможување на свадби, прослави и концерти, дури и во затворен простор, се дозволи брзо ширење на оваа варијанта, иако се знаеше дека не чека попис, избори и најважно, почеток на учебната година.
Сега им е тешко да кажат заради свадбите, кои траеа до 16.08, нема да ги отвориме училиштата,“ додава Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ