еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Баловски ги објаснува симптомите на делта сојот, на удар младите на возраст од 18 до 30 години

Пулмологот доктор Марјан Баловски од болницата „8. Септември“ во интервју за ТВ 24 вели дека делта сојот е ризик за младите на возраст од 18 до 30 години.

Симптомите се поинакви, но само на почеток, потоа состојбата драматично се влошува, вели пулмологот и додава дека овој бран има разлика во симптомите на заразата.

-Во почетокот можете да имате главоболка, кивавица, течење на носот и да помислите сте седеле под клима или сте возеле со отворен прозорец, или да мислите дека баш сега сте добиле алергија за првпат.

Најчесто младите мислат дека не е ништо сериозно, а го шират вирусот, па затоа сакам да испратам еден апел до сите кои првично сметаат дека имаат симптоми на алергија или настинка да се изолираат поради можноста да се преносители на Ковид-19, вели Баловски.

Вели дека е неблагодарно да прогнозира кога ќе биде пикот на четвртиот бран, но додава дека треба да се подготвиме за ламбда сојот, кој се очекува да го има и во земјата.

-Се работи за тројна мутација. Постои, кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење на животи, вели тој.

Додава дека со Ковид-19 нема правила и дека белите дробови се прва мета така што настанува веднаш уништување на оние клетки кои прават размена на кислородот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на Инфективна, Стевановиќ ги објаснува симптомите кај вакцинираните и невакцинираните заболени со Ковид-19

Доктор Даниловски објаснува кои се симптомите на делта сојот

Доктор Трајковски ги објаснува симптомите на делта варијантата: „Луѓето не се сигурни дали е коронавирусот или грип“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Температура и малаксаност најчести симптоми кај заболените со Ковид-19: Кои се другите

Редакција

(Фото) Шекеринска елегантна на заедничката фотографија на министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО

Редакција

Талат Џафери има коефициент на интелегенција како Ајнштајн, можеби и поголем, вели братот на техничкиот премиер

Редакција