еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Даниловски објаснува кои се симптомите на делта сојот

Во разговор за телевизијата Сител, епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски зборуваше за симптомите на новиот делта сој и за тоа кога е потребно граѓаните да побараат медицинска помош.

– Интересно кај делта сојот е дека многу умешно си направи една мимикрија за да не биде препознаен, се измаскира во однос на алфа сојот и на оној класичниот тип од Вухан.

Со тоа што овојпат кај делта апсолутно предоминираат симптоми на обична настинка – главоболка, болка во грлото и течење на носот. Она што беше класика за алфа – кашлица, губење на мирис и вкус, итн. некако се повлекоа во заден план, објаснува Даниловски.

Според него, кога станува збор за делта сојот, нема начин да се направи разлика меѓу Ковид-19 и обична настинка и тоа може да се провери само со тестирање.

– Препорачливо е ако се појават вакви симптоми, и уште згора на сѐ се појави зголемена телесна температура, тој што ќе го искуси тоа да не шета безгрижно наоколу, туку да си направи тест и додека го чека резултатот да си остане дома.

Како и досега, лицето треба да побара медицинска помош ако се појави упорно покачена температура, отежнато дишење, тешка малаксаност, итн.,препорачува д-р Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Прележаниот само со една доза развива посилен имунитет од непрележаниот вакциниран со две дози

Доктор Даниловски вели дека делта сојот манифестира слични симптоми како и настинката

Доктор Даниловски предлага ПЦР-тест за влез во Македонија и вакцинирање на децата за да се намали ризикот од ширење на индискиот сој

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ципрас во Струмица кај другарот Заев

Редакција

Минута здравје: Бананата го намалува крвниот притисок

Редакција

Викендов нестабилно и посвежо време

Редакција