еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Даниловски вели дека делта сојот манифестира слични симптоми како и настинката

Делта сојот се разликува од алфа варијатната по тоа што се проценува дека е за 70% позаразен. Тоа значи, дека ако има услови за ширење, ќе имаме една поголема динамика на новозаболени. Тој е полесно заразлив и попродорен во клетките на домаќинот, вели за телевизијата 24, доктор Драган Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

Доктор Петличковски за СП: Невакцинираните и непрележаните имаат поголема шанса да се заразат со делта сојот

“Се уште нема доволни индиции да се каже дека предизвикува потешка слика. Она што е карактеристичлно е дека е изместен акцентот на неговите симптоми. Ако кај алфа беше болки во зглобови, изгубен мирис, сега доминираат главоболка, течење на нос и болки во грлото.

Сега имаме практично една слика на потежок грип. Со оглед на тоа дека постарите генерации или прележале или се во добар дел вакцинирани, вирусот наоѓа место за ширење меѓу помладите.

Кога ќе почувствуваат симптоми, мислат дека е настинка и се движат, тоа значи поголема трансмисија. Врз основа на сликата не може да се направи разлика меѓу настинка и делата сојот. Мора да се направат испитувања.

Добрата вест е што претежно младите кои заболуваат се со лесни клинички симптоми. Тешко ќе дојде до закана односно со преоптоварување на болници и хоспитализирани.

Смртноста е ниска, 0,1%. Тоа е во рангот на грипот. Така ќе биде и кај нас“, вели Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Мехмедовиќ: Преносливоста на делта сојот е поголема за 60% во затворени простории и за 40% на отворено

Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија

Доктор Кунгуловски: Тешки месеци со делта сојот ги чекаат невакцинираните и непрележаните

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите поставувани прашања за коронавирусот и ризиците во бременоста

Редакција

Што се празнува на Велика Сабота

Редакција

До петок променливо, врнежливо и постудено време

Редакција