еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Мехмедовиќ: Преносливоста на делта сојот е поголема за 60% во затворени простории и за 40% на отворено

Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје за емисијата „24 Отворено“ на телевизијата 24 изјави дека преносливоста на новиот делта сој на Ковид-19 е поголема за 60% во затворени простории и за 40% на отворено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија

“Делта варијантата на вирусот беше присутна уште во март оваа година во Индија и проблемот со оваа варијанта е што лесно се пренесува. Преносливоста како компонента е значително изразена, споредено во однос на оригиналниот сој, и уште повеќе со оној алфа сој (британскиот, н.з.) од Велика Британија.

Преносливоста се смета дека е поголема за 60% на затворено и 40% на отворено и тоа е навистина една голема бројка. Се смета дека бројот на заразени се дуплираат секој ден во рок од една недела и имате експоненцијално растење на кривата, бројките на хоспитализирани се дуплирани, како и бројките на смртни случаи.

Ова се информациите што ги добиваме од Индија. Нормално, во оние земји каде процесот на вакцинација е спроведен е поинаку, затоа не можеме да добиеме една дефинитивна слика за тоа каков е клиничкиот аспект на оваа болест, поради тоа што во Индија можевме да видиме некои тешки форми на болеста, со некои непознати форми на засегање на кардиоваскуларниот систем и на дигестивниот систем, како и на нервниот.

Во Велика Британија гледаме една друга слика, имаме значителен број на ПЦР тестови, меѓутоа имаме мал број на хоспитализирани лица, што е добар индикатор. Двата аспекти на болеста што нас нè загрижува е брзата трансмисија и клиничката слика на болеста“, речеМехмедовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Кунгуловски: Тешки месеци со делта сојот ги чекаат невакцинираните и непрележаните

Доктор Мехмедовиќ ги објаснува симптомите: Индискиот сој би можел да стане реалност кај нас во септември

Доктор Мехмедовиќ за СП: Индиската варијанта на коронавирусот доведува до гангрена, ампутации на стапалата и губење на слухот

Фото: Мехмедовиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 2.447 починати од Ковид-19, 22% биле вакцинирани

Редакција

Во Маврово најстудено и најмногу дожд, на Шапка половина метар снег

Редакција

Д-р Кочински ги објаснува заедничките симптоми на грип и Ковид-19

Редакција