еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Кунгуловски: Тешки месеци со делта сојот ги чекаат невакцинираните и непрележаните

Денеска се потврдени шест случаи (4 во Јавно здравство и 2 во Жан Митрев клиник) позитивни на делта варијантата на SARS-CoV-2, информираше вчера доктор Горан Кунгуловски на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

„Голем број на студии досега укажуваат дека овој сој на SARS-CoV-2 се пренесува побрзо од алфа сојот (барем 50%), а претходно алфа сојот се пренесуваше барем 50% побрзо од D614G сојот, кој пак се пренесуваше за 20-30% побрзо од изворниот Вухански сој.

Има големи шанси делта да стане доминантен сој во светот, Европа, па и Македонија во наредниве неколку месеци. А тешки месеци ќе бидат, посебно за невакцинираните и непрележаните.

За да ги направиме малце полесни овие неколку месеци, треба да знаеме дека:

1. Вакцините се уште ја добиваат битката и со новите соеви. На голем дел од нив им се намалува ефикасноста, но истата е доволна за да се неутрализира и сузбива пандемијата. Вакцинацијата ни е најсилната алатка во борбата.

2. Вирусот еволуира со тоа што се дели во својот домаќин. За да престане да еволуира и да прераснува во нови форми (за коишто можеби тековните вакцини нема да може да помогнат), треба да престане да се дели – а за да престане да се дели треба да престане да скока од еден домаќин (човек) на друг. За да престане, треба да се стесни ланецот на трансмиција. Тоа се прави со вакцинирање и следење на рестриктивни мерки (на сите ни е преку глава од истите, ама мораме).

3. Откако ќе се вакцинира голем дел на населението (се надевам), а и многу порано ќе треба да се спрема стратегија за вакцинирање со booster доза (но моментално тоа е секундарно).

Луѓето да се вакцинираат, одговорните прво да набават доволно високо ефективни вакцини и второ да спремаат стратегија за вакцинација со booster дози,“ напиша тој на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија

Доктор Пановски: Нон сенс е Грците нас да не тестираат каде што нема делта сој, а ние да немаме мерки за патниците од таму

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Андреа се извини уште еднаш за македонското знаме: Намерата не ми беше лоша

Редакција

Владата препорачува одложување на екскурзиите и обезбедување доволно средства за хигиена во школите и градинките

Редакција

Ќе се стави ли крај на измамите на туристите: Државата ја засилува контролата врз туристичките агенции

Редакција