еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Пановски: Нон сенс е Грците нас да не тестираат каде што нема делта сој, а ние да немаме мерки за патниците од таму

Не знаеме дали и колку имаме имунитет против делта сојот на Ковид-19, но мора да се соочиме со ризикот и да се подготвиме, изјави микробиологот Никола Пановски во гостување на телевизија Сител.

Во однос на тоа дека Комисијата за заразни болести не препорача никакви мерки за контрола на границите, Пановски праша, зошто тоа е така.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Состојбата е стабилна, засега нема потреба од нови рестрикции, велат од Министерство за здравство

Доктор Даниловски предлага ПЦР-тест за влез во Македонија и вакцинирање на децата за да се намали ризикот од ширење на индискиот сој

„И ако професорот Даниловски, кој е бард во епидемиологијата кажува дека треба контрола на луѓето кои доаѓаат кај нас, нашите иселеници и нашите луѓе кои одат на одмор во земји каде што постои делта сојот, а Комисијата тоа го игнорира, треба да објасни зошто го игнорира.

Дали тој човек не знае тоа што го збори или они во договор со Владата и економските интереси, носат мерки кои не се баш оправдани од здравствен аспект.

Нема логика, ако кај нас има шест случаи, а во Грција има 800, а Грција е пет пати поголема, повеќе од 25 пати има случаи во Грција. Нон сенс е што они нас не тестираат што доаѓаме од земја која нема делта сој, граѓаните се малтретираат, а кога се враќаат тука, може да влезат од земја каде што има 25 пати повеќе заболени од Ковид-19, од кои половината се од делта сојот и може да го внесат,“ рече Пановски.

Тој смета дека реципроцитет во однос на мерките треба да има, барем со Бугарија.

„Имаме одлична состојба, но како што се дозволија свадби на затворено, во август ќе дојдат огромен број на наши иселеници на свадби, и ќе се случи, на повеќе места во државата да дојде до експлозија на делта сојот. И како што кажаа во април, ќе биде дека, ширењето не може да го контролираат.

Се надевам дека нема да има такво ширење како порано, но сепак мислам дека подобро е да има мерки и од економски аспект. Со контрола на влезот низ границите, да се фатат случаите уште на почеток и да не почне ширењето нагло.

Ако има голема бројка на вакцинирани и со прележаните, смртноста ќе биде како од обичен грип, а тоа го докажуваат примери во САД, Велика Британија и Израел, на 1.000 заболени би имале еден починат,“ вели Пановски.

Во однос на вакцините рече дека сите штитат од смртност и тешка форма на болеста, но оние кои прележале се најдобро заштитени и од најдобрите вакцини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амди Бајрам бил позитивен на Ковид-19

Редакција

АЕК ќе ги блокира повиците од странските непознати броеви и апелира граѓаните да не одговараат

Редакција

Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?

Редакција