еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како ќе се изјаснат партиите на Албанците: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ прифатлива за СДСМ, ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз

Фала Богу, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за државен консензус во преговорите со Бугарија е прифатлива за СДСМ, ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз.

Партиите конечно покажаа единство во време кога источниот сосед со ненормалните барања, кои задираат во македонскиот идентитет, речиси секојдневно не понижува и буквално ни се „качи“ на глава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што содржи предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, со која бара државен консензус во преговорите со Бугарија

“Со тоа уште еднаш испраќаме силна порака дека апсолутно македонскиот идентитет и јазик се затворена тема и треба да им биде јасно на сите“, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, чија партија до пред неколку дена сметаше дека нема потреба од ваква Резолуција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ се предомисли: Ќе ја прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за Бугарија

Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата.

„Покажуваме дека обединети сме посилни. Се заблагодарувам на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА за својот придонес со создавање на текстот на оваа резолуција.

Се заблагодарувам на сите политички партии, и од опозицијата и од владејачкото мнозинство кои беа спремни да ја поддржат Резолуцијата или беа спремни на разговор со нас за истата“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И пратениците на ДОМ и ЛДП ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

И Демократски сојуз ја прифаќа Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија

“Текстот на драфт-резолуцијата генерално за нас е прифатлив“, изјави пратеничката Маја Морачанин од ДОМ.

Нејзини очекувања се дека за еден ваков документ би требало да има широк консензус, потсетувајќи дека и политичките партии и граѓаните имаат ист став за идентитетските прашања.

Овој став го дели и пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова.

Резолуцијата ја прифатија и од Демократски сојуз.

Партиите пак на етничките Албанци се уште се немаат официјално изјаснето за Резолуцијата.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кадар на ДУИ, за телевизијата Алсат М, изјави дека Резолуцијата служи за политички поени и најави дека ДУИ истата нема да ја поддржи.

“Демократската унија за интеграција ја гледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуција за Бугарија како обид да се добијат политички поени во пресрет на локалните избори.

Несериозно е државните интереси да се ставаат во функција на избори. Тоа им штети на интересите на државата и сите граѓани“, рече Османи.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари пак пред неколку дена изјави дека партијата деновиве ќе излезе со конечен став дали ќе ја поддржи Резолуцијата.

Засега нема официјален став и од владејачката Беса, опозициската Алтернатива, како и од опозициската Левица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од вооружениот напад и експлозијата на банкомат во скопско Топанско Поле

Редакција

Под лупа 84 објекти на КАМ маркетите

Редакција

1.000 субјекти пред пропаѓање: Игротеки, установи за едукација, објекти за веселби бараат да почнат да работат или финансиска помош

Редакција