еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Грција ги заострува мерките на границите: Бидете подготвени на се почести тестирања по случаен избор

Бројот на нови случаи со Ковид-19 во Грција продолжува драстично да расте, а вчера во земјата беа регистрирани вкупно 1.820 новозаразени од Ковид-19, најголемиот дел од областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што има 1.061 новозаболени.

Но, не се одминати ниту туристичките места, па така Крит има 51 новозаболен, 14 на Миконос, 12 на Крф, пет на Халкидики.

Од новите случаи 21 е „увезен“, од кои шест биле откриени на влезните точки во земјата, пренесе МИА.

Зголемено тестирање на граница

Поради зголемениот број на заболени од Ковид-19, Грците стануваат се поригорозни на граница, односно како што и најавија, иако патниците би ги поседувале потребните документи за влез односно потврда за прележан вирус, ПЦР-тест, потврда за вакцинација, сепак тие ќе тестираат по случаен избор.

Поради новонастаната ситуација, тестирањето станува се позачестено на граница.

Вчера на граница беше тестиран цел автобус од македонска агенција, која организирано носеше деца на летување во Грција.

„Иако сите бевме тестирани и негативни, повторно сите во автобусот бевме тестирани,“ изјавија патници за „еМагазин“.

Нашите граници остануваат отворени без ПЦР-тест

Грција во која моментално има најголем број на заболени од делта сојот на Балканот, бидејќи има голем број на странски туристи, разбирливо, е ригорозна на граници. Нашите граници со Грција пак се слободни, иако постојано ни транизитираат патници што биле таму, но и наши граѓани кои се на летување.

Стручните лица докторите Никола Пановски и Драган Даниловски, побараа од властите односно од Комисијата за заразни болести да воведе мерки на границите, за колку-толку да постои некаква контрола. Ширењето на делта сојот не е ништо ново, се знаеше дека ќе се случи и кај нас, само беше прашање на време.

Министерот за здравство Венко Филипче, иако најави нов состанок на Комисијата за воведување на можни мерки на границите, сепак тоа не се случи.

Во Македонија моментално има вкупно 10 лица кои се заболени од делта сојот, а се очекува бројките да се зголемуваат и тој сој да стане доминантен во следниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Нон сенс е Грците нас да не тестираат каде што нема делта сој, а ние да немаме мерки за патниците од таму

Четворица заразени со делта сој на коронавирусот денеска се потврдени во МАНУ, вкупно во државата има 10 случаи

Комисијата за заразни болести ќе има нов состанок за рестрикции на границите, најави Филипче

Доктор Кунгуловски: Тешки месеци со делта сојот ги чекаат невакцинираните и непрележаните

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Не ги потпишав Договорот и Анексот, но Србија е подготвена да работи на нивната имплементација

Редакција

(Фото) Македонски научници – дел од тимот што освои прва награда на престижната меѓународна конференција Ubicomp во Англија

Редакција

Царинската управа отвори истрага за Александар Трајковски кој беше фотографиран со Груевски во Будимпешта

Редакција