еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четворица заразени со делта сој на коронавирусот денеска се потврдени во МАНУ, вкупно во државата има 10 случаи

Десет случаи на заразени со индискиот сој за корона вирусот се регистрирани во државава.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека последните четири случаи на заразени со индискиот сој денеска се потврдени во лабораторијата во МАНУ и тие немале премногу контакти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

– Имаат патувано во странство. Тоа се две двојки и нема епидемиолошки ризик. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација, итн, рече Филипче.

Посочи дека околу 400 илјади граѓани се веќе вакцинирани од кои 240.000 се ревакцинирани, а до крајот на оваа недела ќе заврши и вакцинирањето на сите 60.000 пријавени кои добиле термин заедно со граѓаните кои се вакцинирани во Србија.

-Вкупната бројка на вакцинирани во нашата земја ќе биде 500.000. Апелирам граѓаните да се јават на пунктовите и да се вакцинираат. Од понеделник натаму сите пунктови ќе бидат отворени и нема да има потреба за закажување.

Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер, што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст, потенцира Филипче и додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од понеделник почнува и вакцинација на деца од 12 до 16 години

Посочи, дека, се вакцинираат деца во Србија, Грција, Германија, а родителите со деца треба по своја волја да дојдат, што не е задолжително, да се вакцинираат.

-За неколку месеци на крајот на годината може ќе се појави нов сој кој исто така можеби побрзо ќе се шири од овој. Битно е луѓето да се вакцинираат. Очекувањата се дека ако е поконтагиозна како сој варијантата дека таа ќе стане доминатна.

До колку сме вакцинирани во висок процент и има одреден степен со вакцинален колективен имунитет колку и да е позаразен нема да се повтори претходната слика со британскиот сој и тој силен бран.

Логично е да се очекува новиот сој побрзо да се шири и тоа е карактеристика на РНК вирусите. Тие кога ќе најдат на некаква препрека мутираат и продолжуваат да се шират. Затоа е тој концепт една од опциите дека можеби ќе премине во ендемска форма оваа болест ќе ја има и понатаму и вакцината е единствена што не штити, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија

Доктор Мехмедовиќ: Преносливоста на делта сојот е поголема за 60% во затворени простории и за 40% на отворено

Додаде дека според публикации од Англија, таму овој сој бил позастапен кај младите и затоа поминува како полесна форма, а децата се тие кои се трансмитери. Затоа, појасни, сега ставаме акцент и на вакцинација на помладите за да го обезбедиме едукативниот процес во училиштата од септември и за што поголем процент од населението да биде вакциниран.

Академик доктор Александар Димовски од Центарот за генетички инженеринг и биотехнологија при МАНУ истакна дека сега за сега што се знае со сигурност е дека вакцинацијата спречува развој на тешка форма на болеста.

-Нема потреба да правиме мерки што буквално ќе ја затворат државата. Тоа што знаеме е дека сите вакцини кои се користат сега спречуваат најтешка форма на болеста, хоспитализација и смрт во најголем процент, рече Димовски и упати апел до сите граѓани посебно тие што се во групи од ризик, повозрасни и со хронични заболувања да се вакцинираат, да се заштитат себеси и генерално да се врати ситуацијата во нормала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Кунгуловски: Тешки месеци со делта сојот ги чекаат невакцинираните и непрележаните

МИА/Фото: Photo by Louis Reed on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Али Ахмети повторно избран за лидер на ДУИ

Редакција

(Фото) Нуркачи го бараат 30-годишниот маж, кој исчезна во браната Глажња

Редакција

Заев не се ни трудел да врти телефони, за да праша дали Јанева наводно барала „форензичко бришење“ на податоците во СЈО

Редакција