еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Талат Џафери има коефициент на интелегенција како Ајнштајн, можеби и поголем, вели братот на техничкиот премиер

Талат Џафери од владејачката ДУИ е избран за премиер на техничката влада која ќе има мандат од 100 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој стана премиер на техничката влада

На македонската јавност и се познати многу детали за Џафери, а нови во интервју за косовската телевизија Клан откри неговиот брат Нешат Џафери, кој меѓудругото вели дека брат му има коефициент на интелегенција како Алберт Ајнштајн, а можеби и поголем.

„Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем“, вели брат му.

Брат му очекувано имаше само пофалби за техничкиот премиер, а кажа и дека Џафери со посебна посветеност ги завршувал обврските, без разлика дали имал неразумни пречки од други партии или пратеници и дека секогаш наоѓал правилен и реален пат за подобар соживот на народите во Македонија, без разлика на која нација или вера припаѓале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Студирал во Белград, па ги водел терористите на македонската ОВК“: Регионалните медиуми за Талат Џафери

Кој е Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема доказ дека притворените лица го убиле докторот Ацо Трпковски, велат од Обвинителство

Редакција

Гордана е добро, храбро се држи, вели Илиевски, сопругот на Јанкулоска

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување вработува седум лица, плата до 71.980 денари

Редакција