еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Директорката на Инфективна, Стевановиќ ги објаснува симптомите кај вакцинираните и невакцинираните заболени со Ковид-19

Во разговор за Плусинфо директорката на Клиниката за инфективни болест, д-р Милена Стевановиќ меѓудругото ги објаснува и симптомите кај вакцинираните и невакцинираните заболени со Ковид-19.

Таа посочува дека нема разлика во симптомите кај вакцинираните и кај невакцинираните заболени и дека тие се исти во споредба со претходните три ковид бранови кои ја зафатија нашата земја.

– Симптомите се исти. Болеста започнува со зголемување на температурата и таа се движи од 37,4 степени, но некогаш достигнува и до 40 степени. Се јавува малаксаност, главоболка, болки во коските и во мускулите, болка во грлото, кашлица, отежнато дишење, проливи и повраќање.

Се разбира, овие симптоми се јавуваат различно, не сите кај еден пациент. Симптомите се со различна јачина и времетраење. Никогаш не можете да знаете кој симптом кај кого ќе се развие, колку ќе биде интензивен и колку време ќе трае и какви дополнителни компликации ќе се појават, вели д-р Стевановиќ.

Таа додава дека главната разлика помеѓу вакцинираните пациенти и невакцинираните пациенти е пред сè во интензитетот на симптомите и во појавата на евентуални компликации.

Со оглед на тоа што досегашните студии велат дека вакцинираните заболени имаат полесна клиничка слика, поради тоа кај нив се менува и начинот на лекување.

– Најчесто пациентите кои биле претходно вакцинирани имаат лесни клинички слики на настинка кои брзо поминуваат и немаат потреба да бидат лекувани повеќе од симптоматски третман.

Сепак, во зависност од симптомите, процесот на изолација останува ист и кај едните и кај другите, вели Стевановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски објаснува кои се симптомите на делта сојот

Доктор Трајковски ги објаснува симптомите на делта варијантата: „Луѓето не се сигурни дали е коронавирусот или грип“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следува период на променливо време, со локални дождови и пониски температури

Редакција

За 1. мај облачно, на места со дожд, од четврток и нов пад на температурата

Редакција

Вкупно 11.422 лица се заразиле со Ковид-19 по вторпат, 19 од нив починале

Редакција