еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За прв пат македонските државјани во странство во неколку градови ќе може да извадат пасош во амбасада кога сакаат

Со промовирање на базните и мобилните станици за изработка и достава на пасоши на нашите граѓани што живеат и работат во странство, ќе се реши деценискиот проблем што го имаше нашата дијаспора.

Имено, со поставувањето на овие базни станици во амбасадите и конзулатите, услугата за издавање на патни исправи за оваа категорија на наши државјани се олеснува и скратува.

Според министерот за надворешни работи Бујар Османи досегашната постапка за издавање на пасоши просечно траеше од четири до пет месеци, а анализите покажуваат дека во некои случаи постапката се одолговлекувала и над шест месеци.

„Покрај времето, тоа претпоставуваше и големи трошоци, како за самите граѓани, така и за министерството. Со поставувањето на базните станици претставниците на нашата дијаспора се стекнуваат со голем бенефити и од аспект на времето потребно за овие активности, финансиските трошоци поврзани со тоа, а истовремено, ќе добијат готов производ, пасош за временски рок од две до три недели”, изјави Османи.

Базни станици ќе бидат поставени во Минхен, Бон, Берлин, Брисел, Берн, Виена, Љубљана, Венеција, Лондон, Стокхолм, Њујорк, Чикаго, Торонто и Мелбурн, кои се мапирани како градови кои се со најбројна популација и со најголеми потреби за овие услуги.

Инсталирањето на базните и мобилните станици се планира да заврши до крајот на октомври.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час не го почитувале 21 лице, изречени 611 казни за неносење маска

Редакција

(Видео) Застрашувачки сцени од поплавите во Турција: Најмалку три лица починаа

Редакција

Столтенберг: Македонија може да стане членка во 2019, ако го прифати договорот од Преспа

Редакција