Смртноста кај невакцинираните против Ковид-19 за периодот од 6 до 26 август е драстично поголема, покажува анализата на Министерство за здравство.
„Во период од три седмици на територија на државата починале 276 лица со Ковид-19, 246 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 30 (10%) примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство,“ се вели во анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем раст на случаеви на повторно заразување со Ковид-19
83% од новите случаи и 89% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани
Фото: Photo by Mohammad Shahhosseini on Unsplash